Пребарување

Папата Фрањо на света Литургија во Света Марта Папата Фрањо на света Литургија во Света Марта  (� Vatican Media)

Света Марта: Во срце имајте ги оние кои ве придружуваат во животот

На светата Литургија која папата Фрањо ја служеше во капелата на домот Света марта во петок 14 февруари 2020 година, ги поттикна верниците да мислат на оние кои секој ден на некој начин го придружуваат нивниот живот

Имајте ги во срце оние кои нè придружуваат на животниот пат – рече папата Фрањо, зборувајќи за домот Света Марта, кој го опиша како едно големо семејство составено од соработници кои секој ден работат таму, во срцето на Ватикан. Посветено и грижливо помагаат посебно ако некој е болен, а се тажни ако некој заминува. Лицата, насмевките и поздравите се семе кое се сее во срцето на секој – рече папата Фрањо, осврнувајќи се на заминувањето во пензија на една соработничка, настојувајќи да ѝ се заблагодари и моли за простување од другите соработници.

Во проповедта Светиот Отец зборуваше за семејството, не само за семејство составено само од „мајка, татко, браќа, роднини, дедовци и баби“, туку за пошироко семејство, составено од оние кои нè придружуваат на нашиот животен пат. Објасни дека после 40 години работа во пензија заминува личност, која била дел од поширокото семејство. Убаво е за сите нас кои живееме во Ватикан да размислиме за тоа семејство, кое нè придружува, а сите вие кои тука не живеете, размислете за оние кои вас ве придружуваат на вашиот животен пат: соседи, пријатели, колеги од работа, колеги од факултет ... – рече Светиот Отец и додаде: Не сме сами! Господ сака да бидеме народ, да бидеме заедно; не сака да бидеме себични. Себичноста е грев!

Папата Фрањо потсети на великодушноста на многуте соработници кои се грижат за оние што се болни. Зад секое име стои присуство, живот, краток престој што остави белег - рече Папата и истакна: Се работи за семејни односи кои ми останаа во моето срце. Мислам на Алојсиј и Кристина, на чесната сестра Марија, нашата „баба“ која дојде како девојка и реши да стане монахиња. Сеќавајќи се на тоа негово големо семејство, Папата ги спомна и оние кои ги нема повеќе: Миријам која замина со своето дете; Елвира која беше пример за борба за живот сè до крај. Потоа се присети на другите кои се пензионирале или работат на друго место.

Сите тие се луѓе кои правеле добро и кои понекогаш е тешко да се остават - рече Светиот Отец и поттикна: Добро е што денес со благодарност размислуваме и му благодариме на Бога за луѓето што нè придружуваа на нашиот животен пат. Благодарам Господи што не нè остави сами! Вистината е, каде има луѓе секогаш се појавуваат проблеми и озборувања, дури и овде меѓу нас. Молиме и озборуваме, ги правиме и двете работи. Понекогаш грешиме против милосрдната љубов. Во семејството се греши, се губи трпението и потоа се моли за прошка. Би сакал да им се заблагодарам на луѓето што не придружуваат за нивната трпеливост и да ги замолам за простување на нашите недостатоци.

Денес е ден за благодарење и и да побараме извинување; секој од нас треба да го направи тоа кон луѓето кои нè придружуваат во животот, еден дел од живото, цел живот... Би сакал да ја искористам оваа прилика кога се простуваме од Патриција заедно да се сетиме да благодариме и да бараме извинување од луѓето кои нè придружуваат. Секој од нас тоа нека го направи кон луѓето кои обично нè придружуваат. Посебно кон оние кои работат тука во Света Марта, сакаме да кажеме едно голмо благодарам. Благодарам и на вас Патриција, ќе започнете друг дел од животот, други 40 години – рече на крајот папата Фрањо.

15 февруари 2020, 09:49
Прочитајте сé >