Пребарување

Папата Фрањо во капелата на домот Света Марта Папата Фрањо во капелата на домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата: Најголем во Црквата е оној кој служи, а не оној со најмногу титули

Копнееме да бидеме важни и да имаме пари. На светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, папата Фрањо предупреди дека треба да се чуваме од страстите, зависта и озборувањето. Световноста е, вели Папата, Божји непријател затоа што Господ поттикнува на внимание

Евангелието не можеме да го живееме правејќи компромиси затоа што така ризикуваме да бидеме завладеани од световниот дух, чија цел е господство над другите, што претставува „Божји непријател“, туку треба да го избираме патот на служењето. Размислувањето на Папата во проповедта на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта доаѓа од делот од Ллитургиското читање (Мк 9, 30-37), во кој Исус им кажува на дванаесетмината дека ако некој сака да биде прв, повикан е на сите да им биде слуга.

Исус знаел дека учениците од амбиција по патот дискутирале за тоа кој е најголем. Дискусија во која се зборува „јас морам да напредувам“,е духот на светот. Меѓутоа и првото читање од денешната Литургија го истакнува тој аспект, кога апостолот Јаков потсетува дека љубовта кон светот е Божји непријател.

Тој копнеж за световноста не прави да бидеме неспокојни и да бидеме поважни од другите па велиме: „Јас тоа го заслужувам, а не тој“; тоа е световност, тоа е духот на светот и кој дише од тој дух, го диши Божјо непријателство – рече Папата. Во еден друг момент Исус им вели на учениците: Или сте со мене или сте против мене. Во Евангелието нема компромиси. Кога некој сака да го живее Евангелието правејќи компромиси на крајот се наоѓа со световниот дух кој секогаш настојува да прави компромиси за да напредува, за да се истакнува над другите, за да биде поголем – истакна папата Фрањо.

Голем број војни и многу кавги произлегуваат токму од световните желби, од страстите – рече Папата повторно потсетувајќи на зборовите на свети Јаков. Вистина, денес цел свет е полн со војни. А војните кои постојат меѓу нас? Како она меѓу апостолите, за прашањето кој е поважен? – праша Папата и даде пример, „погледнете каква кариера направив; сега веќе не можам назад!“ Тоа е духот на светот – објасни Папата, и тоа не е христијански.

Или пак: „Не, мој ред е! Морам повеќе да заработувам за да имам повеќе пари и поголема моќ.“ Тоа е духот на светот – повтори Папата, а потоа ја истакна и злобата на озборувањето. Од каде доаѓа? – праша и одговори: од зависта. Ѓаволот е голем завидливиц, тоа го знаеме, тоа ни го кажува Библијата. Злото во светот влегува преку ѓаволската завист. Зависта е црв кој те поттикнува на уништување, на озборување, на уништување на другиот.

Во разговорот на учениците присутни биле сите тие страсти; заради тоа Исус ги прекори и ги поттикнува да бидат на сите слуги и од сите последни. Кој е најважен во Црквата? Папата, епископите, монсињорите, кардиналите, паросите на наубавите парохии, претседателите на лаичките здруженија? – праша Папата. Не! Најголем во Црквата е оној кој е слуга на сите, оној кој на сите служи, а не кој има најмногу титутли.

За тоа подобро да го објасни – продолжи Папата зборувајќи за Исус - зеде едно дете, го постави среде нив, нежно го прегрна, а потоа додаде: Исус зборувал со многу нежност, при што ќе каже: Кој прима вакво дете во мое име, мене ме прима,“ односно кој го прима најпонизниот, најголемиот служител. Тоа е патот. Патот спротивен на духот на светот е само еден, а тоа е понизноста. Служењето на другите, избирањето на последните места, а не да се „качуваш“.

Не треба да преговарате со духот на светот, не треба да кажете: „Имам право на тоа место затоа што погледнете каква кариера направив.“ Световноста е Божјиот непријател. Напротив, треба да се послуша тој толку мудар и охрабрувачки збор кој Исус го кажува во Евангелието: „Ако некој сака да биде прв нека биде последен од сите, и на сите слуга“ – истакна на крајот папата Фрањо.

25 февруари 2020, 16:29
Прочитајте сé >