Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо за време на светата Литургија во Домот Света Марта Папата Фрањо за време на светата Литургија во Домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата: Да се има власт не значи да се заповеда, туку да се биде доследен

Голема штета прават недоследните христијани кои не сведочат, како и недоследните и шизофренични пастири, кои не сведочат – рече папата Фрањо на светата Литургија во капелата на Домот Света Марта

Исус поучуваше како оној кој има власт. Евангелието од светата Литургија според Марко, зборува за Исус кој поучува во храмот и за предизвиканата реакција од книжниците која беше предизвикана заради Неговиот начин на однесување „како оној кој има власт“ и е поинаков од она на книжниците – рече папата Фрањо на 14 јануари 2020 година за време на светата Литургија која ја служеше во капелата на Домот Света Марта и ја објасни разликата која постои помеѓу поседување внатрешна власт како Исус и извршување на власта, не имајќи ја како книжниците, кои се чувствувале како стручњаци за поучување на законот и како оние кои народот морал да ги слуша, а не им верувале.

Каква е таа власт која ја има Исус? Тоа е Господовиот стил, тоа е „господството“ со кое Господ се движи, поучува, оздравува и слуша – рече Папата и истакна: Тој благороден стил кој е нешто што произлегува одвнатре, ја покажува Неговата доследност. Исус имал власт затоа што бил доследен во она што го поучувал и правел, односно сето тоа тој го живеел. Тоа е доследноста на она што ја карактеризира личноста која има власт. Тоа е власта. Таа личност има власт, затоа што е доследна, односно дава сведоштво. Власта се гледа во доследноста и сведочењето.

Напротив книжниците не биле доследни и Исус од друга страна го поучувал народот да го прави она што го зборуваат, а не она што го прават: А од друга страна не ја пропуштил можноста да ги прекори затоа што со тоа однесвуање паднале во пасторална шизофренија. Говореле едно, а правеле друго – рече Светиот Отец и потсети: Во различни прилики се случило Исус да реагира ставајќи ги во ќош, понекогаш не им дава никаков одговор, а другиот пат пак ги проценува во нивните намери.

Зборот кој Исус го користи за да ја опише таа недоследност, таа шизофренија е лицемерие – рече Папата и продолжи: Тоа е низа придавки кои го одредуваат карактерот. Ако ја земеме 23. глава од Евангелието според Матеј во кое често се вели „лицемери заради тоа и тоа...“ Исус ги опишува како лицемери. Лицемерието е начин на однесување на оние кои имаат одговорност за луѓето, во овој случај пасторална одговорност, но не се доследни, не се господа и немаат власт. Божјиот народ е благ и тоа го поднесува, поднесува многу лицемерни и шизофренични пастири, кои зборуваат, а не го прават тоа и не се доследни.

Но Божјиот народ кој многу дозволува и поднесува знае да ја разликува силата на милоста – рече Папата и додаде: Првото читање од Литургијата од Првата книга царства зборува за старецот Илиј кој ја загубил целата власт, му останала само милоста на помазанието и со таа милост ја благословил Ана и направи чудо на неа, која, опфатена од болка, молела да стане мајка.

Народот Божји добро ја разликува власта на личноста од милоста на помазанието. Некој ќе каже: Одете и се исповедате на тој и тој...? Но ние одговараме дека за нас во таа личност е Бог и точка. Тоа е Исус, на него му се исповедаме. Дали тоа е мудрост на нашиот народ, кој често има разбирање за недоследните пастири, книжници и христијани? За оние кои одат на света Литругија секоја недела и потоа живеат како пагани, луѓето велат: Тоа е скандал и недоследност. Многу штета прават недоследните христијани, кои не сведочат, како и недоследните и шизофреничните пастири кои не сведочат – рече Папата.

За време на ова свое размислување Папата упати молитва до Господ, како сите кои се крстени би имале власт која на се состои во заповедување и слушање, туку во доследност и сведоштво, па затоа и сме и Господови сопатници на Неговиот пат.

14 јануари 2020, 23:03
Прочитајте сé >