Папата Фрањо служи света Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо служи света Литургија во домот Света Марта  (ANSA)

Папата: Смртта е средба со Господ која треба да се чека со надеж

Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 29 ноември 2019 година зборуваше за крајот кој го очекува секој од нас, односно за смртта, прикажувајќи ја како момент во кој Господ доаѓа за да нѐ земе и за кој бара да бидеме подготвени.

Смртта е средба со Господ кој треба да се чека со надеж – рече папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта и истакна, на последната недела од литургиската година Црквата нѐ повикува да размислуваме за крајот на светот и за секој од нас, а тоа го прави и денешното Евангелие во кое евангелистот Лука ги повоотрува Исусовите зборови: „Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат“ (Лука 21,33). Сѐ ќе заврши, но Он ќе остане. Секој треба да размислува за својот крај, односно смрт.

Никој од нас не знае точно кога ќе дојде смртта, уште повеќе склони сме да го одложуваме тоа размислувње, верувајќи дека сме вечни, но не е така – рече Папата и истакна: Сите сме ранливи и слаби. Вчера за тоа размислував врз основа на статијата која излезе во часописот Civiltà Cattolica, кој ни кажува дека ранливоста нѐ поврзува сите нас. Еднакви сме во ранливоста. Сите сме ранливи и во одредена смисла таа ранливост нѐ води во смрт. Затоа одиме на лекар за да видиме што е со нашата телесна ранливост, а други пак одат на психолог да излекуваат некоја психичка ранливост.

Па, ранливоста нѐ поврзува и ниту една заблуда не нѐ штити – рече Светиот Отец и продолжи: Во мојата земја имаше мода однапред да го платиш погребот со залажувањето дека на тој начин ќе го заштедиш трошокот на семејството. Кога се откри измамата на некои погребални фирми модата помина. Колку пати нѐ измамуваат залажувања, како онаа дека сме вечни. Меѓутоа дека смртта сигурно доаѓа пишува во Библијата и Евангелието, но Господ секогаш ни ја прикажува како средба со Него и ја следи со зборот „надеж.“

Господ ни кажува да се подготвуваме за средбата, а смртта е средба – рече папата Фрањо и додаде: Он е Тој Кој доаѓа да нѐ посети, да нѐ земе за рака и да нѐ поведе со себе. Не би сакал оваа едноставна проповед да биде погребално известување. Тоа е едноставно Евангелие и живот. Тоа значи едноставно да кажеме едни на други дека сите сме ранливи и дека еден ден на нашата врата ќе чукне Господ. Затоа треба добро да се подготвиме за моментот кога ѕвоното ќе заѕвони и кога Господ ќе тропне на нашата врата. Да се молиме едни за други за да бидеме подготвени да ја отвориме вратата на Господ Кој доаѓа.

01 декември 2019, 15:58
Прочитајте сé >