Пребарување

Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата Фрањо: Треба да научиме да се обвинуваме пред Бог

Исус не поднесува лицемерие и фарисеите ги нарекува „варосани гробови“ – потсети папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта. Потребно е да се оздрави од лицемерието, а за тоа лек е да се обвиниме пред Бог. Кој не знае тоа да го направи, не е добар христијанин – рече папата Фрањо.

Да знаеме да се обвиниме пред Бог, тоа нѐ лекува од лицемерието – рече папата Фрањо на 15 Октомври 20189 година на светата Литургија во домот Света Марта, осврнувајќи се на еванелието во кое се зборува за некој фарисеј кој го повикал Исуа на ручек. Затоа што Исус веднаш седнал на трпезата и не го направил обредното миење, фарисејот го критикува. Постои одредено однесување кое Господ не го поднесува, а тоа е лицемерието – рече Папата и истакна: Тоа е она што се случува во денешното евангелие. Го повикале Исус на ручек за да го судат, а не поради пријателство. Лицемерието навистина значи да се прикажува на еден начин, а во суштина е нешто друго. Тоа значи тајно да се мисли поинаку од она како го прикажуваме.

Исус не го поднесува лицемерието. Често фарисете ги нарекува лицемери и варосани гробови – рече папата Фрањо и додаде: Не е тоа навреда, туку вистина. Однадвор сте совршени, добро дотерани и беспрекорни, но одвнатре сте поинакви. Лицемерното однесување доаѓа од ѓаволот кој е голем лажливец и лицемер, а лицемерите се неговите наследници. Ѓаволот го користи јазикот на лицемерието и злото и се обидува да ги посее во нашите срца. Со лицемерите не може да се живее, но ги има. На Исус му преостана да го разоткрие лицемерието, знаел дека токму тоа лицемерно однесување ќе го одведе во смрт, затоа што лицемерите не размислуваат дали користат дозволени средства или не, туку одат понатаму.

Некој би можел да приговори и да каже: Кај нас нема такво лицемерие. Но погрешно е да се мисли така – рече папата Фрањо и напомена: Јазикот на лицемерието, нема да кажам дека е нормален, туку е вообичаен и секојдневно се користи. Тоа значи да се прикажуваш на еден начин, а да се биде нешто друго. Во борбата за моќ, на пример, зависта и љубомората на еден начин се прикажуваат однавор, а одвнатре се отров кој убива, затоа што лицемерието секогаш убива, порано или покасно. Потребно е да се оздрави од таквото однесување, а лек за тоа е пред Бог да се каже вистината, односно себе си да се обвиниме.

Мораме да научиме себе да се обвинуваме, да кажеме вака: Го направив тоа, мислам лошо, злобен сум, завидувам, би сакал да го уништам оној... - рече Папата и истакна: Она што е во нас, потребно е да му се каже на Бог. Тоа е духовна вежба, која не е вообичаена, не сме навикнати на тоа, но да се обидеме да го направиме, себе да се обвиниме, да се видиме во гревот, во лицемерието и расипаноста, кои ги има во нашите срца. Затоа што ѓаволот сее расипаност, потребно е да му кажеме на Господ: Господи погледни ме каков сум. Тоа треба да се каже понизно!.

Да се научиме да се обвинуваме себе си. Можеби тоа е претешка работа, но потребно е. Христијанинот кој не знае да се обвини, не е добар христијанин и е во опасност да падне во лицемерие. Свети Петар му вели на Господ: Бегај од мене затоа што сум грешен човек! Да го молиме Господ за да се научиме да се обвинуваме – рече на крајот папата Фрањо.

16 октомври 2019, 15:54
Прочитајте сé >