Пребарување

Папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата: Грижата за старите и децата е култура на надеж

Божјата љубов кон народот не познава отфрлање. Неговата љубов е голема како оган и нѐ прави похумани. Да се занемарат децата и старите лица во семејството затоа што не произведуваат, не е знак на Божјата присустност – истакна папата Фрањо на 30 Септември 2019 година за време на светата Литургија во домот Света Марта.

Колку е силна љубовта Божја кон својот народ, и покрај тоа што го напушти, предаде и заборави на Него. Во Бог секогаш има разгорен пламен од кој за секој од нас извира ветувањето за спасение – рече папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта. Во својата проповед тој се осврна на првото читање од денешната Литургија од книгата на пророкот Захрија, во која пишува: Вака вели Господ Саваот: „Ревнував за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев ревнував за него”. Така вели Господ: „Ќе се обрнам кон Сион и ќе живеам во Ерусалим“. Благодарејќи на Божјата љубов – напомена Папата – Ерусалим ќе оживее.

Во првото читање јасно ги гледаме знаците на Божјата присутност во Негвоиот народ, која нѐ прави почовечки и позрели – рече Светиот Отец и истакна: Тоа се знаци на живот во изобилство, деца и страци, кои ги оживуваат нашите плоштади, општество и семејство. Живот, почитување на животот, љубов кон животот и живот кој се развива, тоа е знак на Божјата присутност во нашите заедници, кој го прават народот зрел, затоа што има стари луѓе. Убаво е да се прочита: „И пак старци и старички ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради напреднатата возраст своја“, тоа е знакот.

Пророкот во првото читање користи убав израз: улиците ќе се„исполнат“ со многу деца. Мноштво старци и деца, тоа е знак – рече папата Фрањо и напомена: Кога народот се грижи за старите и децата, кога ги прифаќа како богатство, тоа е знак на Божјата присутност и ветување за иднината. Пророштвото на Јоил: „Старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија“, зборува дека помеѓу едните и другите постои меѓусебна размена, што не се случува во нашето општество, каде преовладува културата на отфрлање и уништување, поради која децата ги враќаме назад кај “дарителот“ или старите ги затвораме во домови за стари лица, затоа што не произведуваат и го попречуваат нормалниот живот.

Кога некоја земја ќе остари и нема деца, кога не се гледаат бремени жени и детски колички низ улиците и се зборува: Дете, подобро не; кога ќе прочитате дека во таа земја има повеќе пензионери од работници, тоа е жално! – рече Папата и предупреди: Колку земји денес почнуваат да живеат во демографска зима. Потоа кога се занемаруваат старите, ја губиме традицијата која не е музеј за стари работи, туку гаранција за иднината, сок од коренот кој му дава на стеблото да расте, цвета и да дава плодови. Таквото општество е неплодно за двете страни и завршува лошо.

Вистина е, младоста може да се купи – рече Светиот Отец и додаде: Денес постојат многу фирми кои тоа го нудат во облик на разубавување, пластични операции и лифтинг на лицето, но сѐ завршува смешно. Центар на Божјата порака е „културата на надеж“ која ја претставуваат токму старите и младите. Тие се сигурност за опстанок на земјата, татковината и Црквата.

Никогаш нема да ја заборавам старицата на главниот плоштад во Јаша, Романија, која покажувајќи ми го детето во нејзините прегратките ми кажа: Ова е мојата победа и слава. Таа слика која го обиколи светот, ни зборува повеќе од оваа проповед. Затоа Божјата љубов секогаш значи сеење на љубов и растење на народот, а не култура на отфрлање – рече на крајот папата Фрањо.

01 октомври 2019, 08:41
Прочитајте сé >