Cerca

Vatican News
Папата Фрањо на света Литургија во капелата на домот Света Марта Папата Фрањо на света Литургија во капелата на домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата Фрањо: Да не избереме идеологија, наместо вера

Има начин на кој може да се биде христијанин, но само со одредени услови, кои папата Фрањо ги истакна во проповедта на светата Литургија во вторник 8 Октомври 2019 година која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Зборувајќи за христијаните кои ги судат сите, но поаѓајќи од маленкоста на нивните срца, Папата истакна дека Господ милосрдно се приближува на сите човечки реалности, затоа што дојде за да спаси, а не да суди.

вратата од срцето до крај. Јона е тврдоглав затоа што верата ја сфаќа со услови, пример за христијаните кои живеат “под услов“, христијани со услови. Јас сум христијанин со услов да не се работи на одреден начин. Оние кои велат ‘не’, тие промени не се христијански, тоа е ерес; тоа не оди така... христијани кои секогаш го условуваат Бог, верата и Божјото делување – објасни Папата.

Токму тоа „под услов“ ги затвора христијаните во нивните идеи и тие завршуваат во идеологија – истакна папата Фрањо. Ова е грд пат од вера до идеологија. А денес има многу такви – додаде Папата. Таквите христијани се плашат да пораснат, се плашат од предизвиците во животот, се плашат од Господовите предизивици, предизвиците од историјата, приврзани на своите уверувања, во своите први уверувања, во своите идеологии. Тоа се христијани кои даваат предност на идеологијата пред верата и се оддалечуваат од заедницата, се плашат да се стават во Божјите раце, и повеќе сакаат да ги судат сите околу себе, поради маленкоста на своите срце.

Денес постојат два лика на Црквата: Црква на идеолози, кои се сокриваат во сопствените идеологии и Црква која го покажува Господ и која пристапува на сите реалности, која не се гади; На Господ не му се гади од нашите гревови, ни пристапува како што се приближувал да ги помилува лепрозните, болните. Затоа што тој дојде за да оздравува, дојде за да спаси, а не да осуди – истакна на крајот папата Фрањо.

09 октомври 2019, 17:25
Прочитајте сé >