Пребарување

Папата Фрањо на Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо на Литургија во домот Света Марта 

Литургија во Света Марта: Незадоволството е презир nа надежта

За време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта Светиот Отец зборуваше за „духот на уморот“, кој ја одзема надежта.

За време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта, која Светиот Отец ја служеше во вторник 9 април 2019 година, зборуваше за пораката од старозаветната книга Броеви (21,4-9) и предупреди да не се предаваме на „духот на уморот“, кој ја одзема надежта.
„Понекогаш христијаните посакуваат неуспех, кој што остава простор за оплакување, за незадоволство, а тоа е совршено поле за ѓаволот. Ова го истакна папата Фрањо во проповеда во која зборуваше за „уморот“, од старозаветната книга Броеви.
Божјиот народ не го поднесува патувањето низ пустината и паѓа со духот: ентузијазмот и надежта за бегството од египетското ропство постепено исчезнуваат, прво на брегот од морето, а потоа и во пустината. Народот доаѓа кај Мојсеј со незадоволство. „Духот на уморот ни ја одзема надежта, уморот е селективен, веднаш ни го покажува лошиот момент низ кои поминуваме и не принудува да ги заборавиме убавите нешта, кои што сме ги добиле.
Исто така и ние, кога чувствуваме тага или празнина, не го поднесуваме патувањето и бараме прибежиште или во идолите или во негодувањето или во многу други нешта. Тоа е моделот за нас. Духот на уморот нас христијаните нѐ носи во еден неделотворен начин на живот: духот на незадоволство. Ништо не ни се допаѓа, сѐ ни оди лошо. Самиот Исус нè учи за тоа кога зборува за овој дух на незадоволство, велејќи дека ние сме како деца што играат ".
Сеидбата на ѓаволот
Некои христијани се откажуваат пред „неуспехот“ без да се свесни дека тоа е „совршена почва за сеидбата на ѓаволот“. Понекогаш стравуваме од утехите, од надежта, од милувањето на Господ и водат живот на ожалостени.
Тоа е животот на многубројни христијани. Живеат жалејќи се, критикувајќи, со мрморење, живеат незадоволни. Народот не го поднесува патувањето. Ние христијаните многу пати не го поднесуваме патувањето и посакуваме да се приклучиме на неуспехот, кон празнината. А празнината е како змија: древната змија, онаа од земскиот рај. Истата змија, која ја излажа Ева, а тоа е начинот да се покаже дека змијата, која е во нас каснува веднаш во празната душа, во тагата и маката.
Стравот од надежта
Да се помине животот во постојано жалење се случува со оние, кои ги претпочитаат неуспесите, на ја поднесуваат надежта, не го поднесуваат воскресението на Исус.
Браќа и сестри да ги запметиме овие зборови: Народот не го поднесува патувањето. Христијаните не го поднесуваат патувањето. Христијаните не ја поднесуваат надежта. Христиијаните не го поднесуваат исцелението, не ја поднесуваат утехата. Ние повеќе сме приврзани кон незадоволството, кон уморот, кон неуспехот. Господ нека нѐ ослободи од таа болест.
 

09 април 2019, 19:29
Прочитајте сé >