Пребарување

Папата Фрањо служи света Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо служи света Литургија во домот Света Марта  (Vatican Media)

Папата за важноста на материјалната и духовната милостиња

Во проповедта на светата Литургија која ја служеше во понеделникот на 18 март 2019 година, папата Фрањо зборуваше за Божјото милосрдие и за делата на духовното и телесното милосрдие.

„Божјата милост е толку голема работа, многу голема. Не смееме да го заборавиме тоа. Колку луѓе велат: Сум направил многу лоши работи. Ме чека местото во пеколот, нема назад.“ Но, дали мислиш на Божјата милост? Да се сетиме на приказната за сиромашната вдовица која отишла на исповед кај Аршкиот парох (нејзиниот маж се самоубил скокајќи од мостот во реката) и плачела: „Јас сум грешник, сиромашна жена. Но мојот кутар сопруг, тој е во пеколот! Се самоуби, а самоубијството е смртен грев. Тој е во пеколот.“ Но, Аршкиот парох ѝ рекол: „Не плачете госпоѓо затоа што помеѓу мостот и реката постои Божјото милосрдие. До самиот крај, до самиот крај постои Божјото милосрдие“, рече папата Фрањо.

Во фокусот на проповедта на Папата беше човечката склоност да им суди на другите.

„Да се потсетиме колку пати на ден судиме. Но, ве молам! Сите изгледаме како лоши судии, нели? Сите. Но секогаш така го започнуваме разговорот, со коментар за другиот: „Види ја само, направила пластична операција! Сега е уште погрда од порано.“

Папата повика да не судиме и да простиме, дури и ако е тоа „толку тешко“, затоа што со своите дела му даваме „мерка на Бог како тој мора да прави со нас“, затоа што „со мерката со која мерите на вас за возврат ќе ви се мери.“ Господ нè учи: „Дадете и ќе ви се даде.“ Бидете великодушни во давањето, не бидете „затворени џебови“, бидете великодушни во давањето на сиромашните, на оние во потреба и во давањето на многу работи: пружењето совети, давањето насмевка на луѓето, насмевка. Секогаш, секогаш давајте.

„Дадете и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; затоа што Господ ќе биде великодушен: ние даваме едно, а Тој ни возвраќа стоструко повеќе од она што го даваме. А тој е ставот кој нè спречува да судиме, да осудуваме и нè поттикнува да простуваме.

На крајот Папата ја истакна важноста на милостињата, „но не само материјалната, туку и духовната милостиња: да се помине времето со другите на кои тоа им треба, да се посети болен, да се упати насмевка.“

18 март 2019, 16:11
Прочитајте сé >