Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта  (ANSA)

Папата: Ѓаволот го уништува човекот, затоа што Бог стана еден од нас

Папата Фрањо во вторник 12 ноември 2019 година во проповедта за време на светата Литургија во Домот Света Марта се осврна на првото литургиско читање од Книгата Мудрост Солмонова и истакна дека поради Исус, кој стана човек, големиот лажливец нѐ искушува да го уништуваме човештвото

Ѓаволот постои и поради својата завист кон Синот Божји, кој стана човек, сее омраза во светот, која предизвикува смрт – рече Папата и потсети на литургиското читање во кое пророкот потсетува дека Бог нѐ создал на своја слика и дека сме деца Божји и додава дека смртта е поради ѓаволската завист која е влезена во светот.

Зависта на горделивиот ангел, кој што не го прифати овоплотувањето, работи на уништување на човештвото – рече Папата и напомена: Така во нашето срце влегува љубомора, завист и конкуренција, а би можеле да живееме во мир како браќа. Така започнува борбата и желбата за уништување. Не би можеле да кажеме дека ова никој не уништуваа. Меѓутоа, кога озборуваме, ние ги уништуваме другите.

Јазикот е сурово оружје – рече Папата и додаде:Озборувањето и клеветењето убиваат. Други би можеле да кажат дека се крстени, верници кои ја практикуваат својата вера, тие не можат да бидат убијци. Но во нас од почетокот има војна. Каин и Авел биле браќа. Преку љубомората и зависта на едниот, го уништува другиот. Тоа е реалноста, доволно е само да се погледнат вестите кои зборуваат за војни, уништувања, и за луѓе кои умираат поради војна или болест.

Потсетувајќи на Германија и годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, како и на нацистите и мачењата на оние кои не биле со ‘чиста раса’, Светиот Отец истакна дека зад тоа стои некој кој на тоа принудувал да се прават тие работи. Тоа е искушение. Кога се исповедуваме велиме дека сме биле искушувани. Има некој кој ни го допира срцето како би не насочил на погрешен пат; некој кој сее уништување и омраза во нашето срце. Денес јасно мораме да кажеме дека во светот постојат многу сејачи на омраза кои уништуваат.

Често мислам дека вестите се говор на омраза, напади и војни, како би уништиле – рече папата Фрањо и додаде: Вистина е дека многу деца умираат од глад, болести, поради недостаток на вода, образование и здравствено воспитување. Но е тоа е поради што парите служат за производство на оружје, а оружјето за уништување. Тоа е она што се случува во светот поради ѓаволското семе на завист и омраза, но и во нашите души. А ѓаволот на нашата човечка природа ни завидува затоа што Синот Божји стана еден од нас. Тоа не може да го поднесе. Затоа уништува.

Тоа е е коренот на ѓаволската завист и нашето зло и нашите искушенија; корен на војните, гладот и сите катастрофи во светот – рече Папата и продолжи: Да се уништува и да се сее омраза не е вообичаена работа, па ниту во политиката, но некои тоа го прават. Политичарите често се во искушение да оцрнуваат и да уништуваат други, дали со лаги или со вистина и така се избегнува здравото и чисто соочување за доброто на земјата. Се служат со навреди како би ги уништиле другите, затоа што можеби се подобри од нив.

Би сакал денес секој од нас да размисли зошто денес во светот се сее толку омраза – рече Светиот Отец и додаде: Во семејствата кои понекогаш не можат да се помират, во градските населби, на работа и во политиката... На дело е сејачот на омраза. Преку ѓаволската завист смртта влезе во светот. Некои пак ќе кажат дека ѓаволот не постои, а тоа е зло. Но Божјото Слово е јасно: Ѓаволот е лут на Исус, читајте во Евангелието. Дали имаме или немаме вера, Божјото Слово е јасно.

Да го молиме Господ да ни помогне како нашето срце би растело во верата во Исус Христос, Неговиот Син, кој зеде наша човечка природа како би се борел и во човечко тело да го победи ѓаволот и злото, и верата да ни даде сила да не влеземе во игра со тој голем заводник, лажливец и сејач на омраза – рече на крајот Папата.

12 ноември 2019, 14:46
Прочитајте сé >