Епископот Стојанов на Богојавление служеше во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
Почетокот од проповедта епископот Стојанов се осврна на непопустливоста на свети Иван Крстител споредувајќи ја Ивановата непопустливост со нашата непопустливост за Бога, односно нашата попустливиот кон гревовите.
Зборувајќи за ликот на Иван Крстител, кој бил непорочен и цврст во својот карактер, ревносен и верен во исполнувањето на Божјиот закон, а сепак по укажувањето на Господ Исус да го остави сето и да ја исполнат секоја правда, тој на Исусовите зборови попушта. Со тоа, рече епископот Стојанов, Иван ни го покажува патот по кој и ние треба да одиме, а тоа е патот на смирението и да дозволиме Господ да делува преку нас. Иван го наследува понизниот пример на Исус и на нас крстените денес ни дава поука за понизност и како да го прифатиме Бога.
Кога ќе му дозволиме на Бога да навлезе во нашиот живот и му се препуштиме додека не поучува, на тој начин го стекнуваме дарот на цврста вера и непопустливост кон сето она што нас не попречува во нашето спасение.
На крајот зборуваше за нашето крштение кое за нас ни го отвара небото за да бидеме возљубени деца Божји.
Радио Марија од светата Литургија вршеше директен пренос.