Апостолскиот нунциј Суриани го посети манастирот на сестрите на Мајката Тереза
За време на својот престој во Македонија Апостолскиот нуцниј монсињор Суриани го посети манастирот на сестрите на Мајка Тереза во Скопје и се сретна со лица во потреба
За време на престојот во Македонија, Апостолскиот нунциј монсињор Лучијано Суријани во петок 17 јануари 2025 година го посети манастирот на сестрите на Мајката Тереза во Скопје и се сретна со корисниците на кујната за лица во потреба.
Во таа прилика Апостолскиот нунциј Суријани се запозна со работата сестрите на Мајката Тереза во Скопје, како и за нивната грижа за маргинализираните, упатувајќи зборови на охрабрување за нивното послание.
28 јануари 2025, 10:47