Пребарување

Palestinians mark the 75th anniversary of Nakba in Ramallah

Поглаварите на црквите во Светата Земја го повторуваат апелот за праведен мир

Советот на патријарсите и поглаварите на Црквите во Ерусалим го повторија својот повик за праведен и траен мир во Светата Земја, се вели во соопштението објавено на 15 мај, денот на споменот на палестинската Накба, (позната како Палестинска катастрофа), во знак на сеќавање на нивното принудно протерување од татковината во 1948 година, кога била создадена државата Израел

Нашата вера нѐ учи дека сите сме браќа и сестри во човештвото и дека мора да се обединиме и да работиме заедно за да постигнеме мир, толеранција и правда, стои во соопштението. Христијанството нѐ научи дека љубовта, сочувството и меѓусебното почитување е патот за постигнување мир во светот, а тоа посебно се однесува на нашата сакана Света Земја, се истакнува во текстот.

Накба се однесува на повеќе од 700.000 Палестинци кои побегнаа или беа принудени да ги напуштат своите домови во 1948 година. Судбината на овие бегалци и нивните потомци се проценува на повеќе од 5 милиони луѓе низ Блискиот Исток.

За обновеното израелско-палестинското насилство, од јануари 2023 година, сведочат податоците кои говорат за повеќе од 140 убиени Палестинци и најмалку 19 Израелци и странци. Насилството дополнително ескалира на почетокот на мај кога палестинскиот Исламски џихад (втората по големина милитантна група во Појасот Газа по Хамас) и други групи истрелаа повеќе од сто ракети кон Израел во текот на два дена, по смртта на палестински штрајкувач со глад во израелски затвор. Нападот беше проследен со израелски воздушни напади врз цели на Хамас и Исламски џихад. Минатата недела беа забележани најтешките борби меѓу израелските сили и палестинските милитанти од август 2022 година.

Во соопштението, Ерусалимските патријарси уште еднаш повикуваат на заедничка работа за изградба на подобра и похумана иднина за сите, истакнувајќи дека мир може да се постигне само кога има правда и почитување на човековите права и меѓународното право. Сметаме дека правдата и мирот се клучот за стабилноста и просперитетот во регионот и ја изразуваме нашата подготвеност да работиме со сите заинтересирани страни за постигнување на овие благородни цели, се наведува во соопштението.

Дополнително, се поттикнува меѓународната заедница да заземе поголема улога во поддршката на заштитата на заедниците и зачувувањето на светите места и сегашните правила „statusa quo“, имплицитно повикувајќи се на неодамнешното зголемување на нападите врз црквите и физичкото и вербалното злоставување на христијанското свештенство од израелски екстремисти. Христијанските лидери се молат на Бога да му даде на палестинскиот народ право на самоопределување - создавање држава и просперитет што ќе им овозможи на сите народи во Светата Земја да живеат во мир, достоинство и благосостојба.

18 мај 2023, 09:36