Пребарување

2020.01.08 vescovo Kiro Stojanov

На празникот Воскресение Христово епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На празникот Воскресение Христово – Велигден, на почетокот од новиот ден, недела 16 април 2023 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица.

На светата Литургија сослужуваа катедралниот парох о. Спасо Ристов, поранешниот кадетрален парох о. Георги Трјаков, о. Гоце Костов, парох во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и директор на Радио Марија и о. Трајче Ташев, капелан во катедралата. На светата Литургија претходеше Воскресна утрена во дворот на црквата со процесија околу Црквата.

Честитајќи им го празникот Воскресение Христово, на сите присутни и оние кои ја следат светата Литургија преку брановите на Радио Марија епископот Стојанов врз основа на преданието на Црквата размислуваше со верниот народ за таинството на Воскресението Христово и додаде дека на овој ден Црквата принесува пофални песни, бидеќи го слави спасението. Тој истакна дека меѓу нас е Христос кој воскресна од мртвите и се застапаува за нас и нѐ води во заедништво со Бога.

20 април 2023, 17:04