Пребарување

2023.04.06 Bishop Kiro Stojanov of Skopje, North Macedonia, was received by Croatian Prime Minister Plenkovic

Бискупот Стојанов го прими хрватскиот премиер Пленковиќ

Бискупот Стојанов го прими во бискупската резиденција на Водно хрватскиот премиер Пленковиќ во рамки на неговата официјална посета на Македонија.

Во попладневните часови во среда 5 април 2023 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во биксупската резиденција на Водно го прими премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ, кој беше придружуван од неговите соработници. Бискупот Стојанов на средбата го придружуваа о. Зоран Стојанов - директор на Македонски Каритас, о. Марјан Ристов – бискупски канцелар, о. Винко Маслаќ – катедрален парох и о. Марјан Бешлиќ.

Во пријатна и срдечна атмосфера бискупот Стојанов го запозна хрватскиот премиер со животот на Католичката црква во Македонија, како и со добрите односи со Црквата во Хрватска. Исто така ја истакна добрата соработката на Католичката црква и Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија.

Премиерот Пленковиќ му се заблагодари на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов за континуирана грижа за хрватската заедница во Македонија. Владата на Република Хрватска ќе продолжи да дава помош, особено преку Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска - нагласи премиерот Пленковиќ.

 

06 април 2023, 17:42