Пребарување

jc-1.jpg

Бискупот Стојанов се сретна со господин Насер Цури

Бискупот Стојанов во Резиденцијата на Водно во Скопје го прими во посета господин Насер Цури, директор на Спомен куќата Мајка Тереза во Скопје.

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. Киро Стојанов во петок, 27 јануари 2023 година, во Бискупската резиденција на Водно го прими господин Насер Цури, директор на НУ Спомен куќа Мајка Тереза - Скопје. 

На средбата, која помина во пријатна и пријателска атмосфера се разговараше за развојот на Спомен куќата, за актуелните активности, како и за активностите предвидени за во иднина. Стана збор и за активности на кои би можеле заеднички да настапат Црквата и НУ Спомен куќа Мајка Тереза - Скопје за уште подобро да се осветли делото и ликот на Света Мајка Тереза, нашата Светица од Скопје.

 

28 јануари 2023, 09:11