Бискупот Стојанов ја прими украинската амбасадорка Лариса Дир
Бискупот Стојанов во бискупската резиденција се сретна со украинската амбасадорка Лариса Дир со која разговараше за актуелни теми од животот на Црквата
Во вторник 6 декември 2022 година Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. Киро Стојанов во бискупската резиденција во Скопје ја прими во протоколарна посета украинската амбасадорка во Македонија Н.Е. Лариса Дир.
Во пријатна и срдечна амтосфера бискупот Стојанов ја запозна амбасадорката Лариса Дир за животот и активностите на Католичката Црква во Македонија, а се разговараше и за актуелни теми од заеднички интерес, како и за отворените можности за соработка.
На крајот соговорниците го истакнаа задоволството од развојот на досегашните односи со желба во иднина да се продлабочат.
06 декември 2022, 23:51