Пребарување

12453aem.jpg

Надбискупот Вукшиќ се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ

Во сабота, 19 ноември 2022 година, за време на пасторалната посета на Црквата во Македонија, митрополитот и надбискуп Врхбосански и Апостолски администратор на Воениот ординариј во Босна и Херцеговина, монс. Томо Вукшиќ во епископската резиденција во Скопје се сретна со амбасадорката на Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ.

На средбата, покрај надбискупот Вукшиќ, присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов.

Амбасадорката Тигањ го информираше надбискупот Вукшиќ за актуелната состојба на европската интеграција на Македонија на нејзиниот пат кон членство. Таа ја истакна и добрата поврзаност и соработка меѓу Хрватската амбасада и Католичката црква во Македонија, како и заедничката работа за доброто на хрватската заедница.

Надбискупот Вукшиќ ја информираше амбасадорката Тигањ дека ова е негова прва посета на Црквата во Македонија откако ја презеде функцијата Врхбосански митрополит, во чиј состав е и Скопската бискупија како суфрагана. Тој се заблагодари и на Католичката црква и на Хрватската заедница во Македонија за добрата соработка и поддршка.

21 ноември 2022, 14:30