Пребарување

12480-1.jpg

Бискупот Стојанов служеше панахида за жртвите од Гладомор

По повод 90 години од Гладомор бискупот Стојанов во Скопје со украинската заедница служеше панахида за жртвите

Во недела 27 ноември 2022 година во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во присуство на отец Марјан Ристов и патер Марјан Бешлиќ, служеше панахида за жртвите од Гладомор, а во присуство на украинската амбасадорка во Македонија Лариса Дир во придружба на вработени од амбасадата, претставници на украинската заедница во Македонија, како и верници од катедралната парохија.

Гладомор (Голодомор) е масовна глад во Украина во 1932-1933. Се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја. Гладот е предизвикан вештачки од страна на советската влада, а жртвите се проценуваат на повеќе милиони.

29 ноември 2022, 09:38