Пребарување

12437-4.jpg

Бискупот Стојанов го прими новиот амбасадор на Шпанија во Македонија

Во просториите на Епископската резиденција на Водно епископот Стојанов го прими новиот шпански амбасадор

Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов на 14 ноември во Бискупската резиденција на Водно во Скопје го прими новиот амбасадор на Kралството Шпанија во Македонија, Н.Е. г-дин Хосе Луис Лозано Гарсија.

На средбата присуствуваше и заменик амбасадорот господин Ернесто Хередеро дел Кампо.

Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх изрази добредојде на новиот амбасадор посакувајќи му успех и Божји благослов на новата многу одговорна служба во Македонија.

Средбата помина во срдечна атмосфера и отворен разговор за актуелните теми.

15 ноември 2022, 08:57