Евхаристиско обожавање во Скопската катедрала за мир во Украина
Поттикот да се одржи Евхаристиско обожавање во тишина за мир во Украина на празникот Воздвижение на Чесниот Крст, кој посебно свечено се слави во источниот обред, дојде од претседателството на Советот на европските бискупски конференци (CCEE), по убавото искуство на евхаристискиот синџир, кој се оствари за време на Великиот пост, со кој секоја членка на Советот на европските бискупски конференци, имаа барем едно евхаристиско славаење за жртвите од пандемијата и мир во Украина.
Европските бискупи повторно го подржаа повикот на Папата за прекин на вооружувањето, итен прекин на војната во Украина и одржување на мирот. Упатија бројни апели до водачите на народите, како и до меѓународната заедница да направат сѐ што е во нивна моќ за да заврши актуелната војна, кој уништува животи и предизвикува неискажано страдање.
По таа накана и во Скопската катедрала пред Пресветата Олтарска Тајна се молеа жалосните таинства од Света Бројаница, а потоа присутните останаа во молитвена тишина. На крајот следуваше благослов со светата Причест.