Пребарување

1659729771132.jpg

Монсињор Херера се заблагодари за поддршката на Црквата во Никарагва

Претседателот на Никарагванската бискупска конференција (CEN), монс. Карлос Енрике на 9 август 2022 година, упати писмо до претседателот на Бискупската конференција на Латинска Америка и Карибите (CELAM), монс. Мигел Кабрејос Видарте, изразувајќи благодарност за братството кое бискупите го покажаа на месната Црква во оваа тешка ситуација.

Бискупите на Бискупската конференција на Никарагва (CEN) се благодарни за изразите на братство и солидарност што Претседателството на CELAM ги изрази кон никарагванската Црква во овие тешки времиња, особено за монс. Роландо Алварез, бискуп од Матагалпа - кому полицијата од 4 август му забрани да ја напушти бискупската резиденција поради неговите критики за затворањето на католичките радио станици од страна на владата.

Самиот бискуп од Матагалпа вчера преку видео врска се обрати предводејќи, ја Светата Бројаница од бискупската резиденција. Бискупот Светата Бројаница ја принесе за сите накани што му ги довериле разни луѓе во текот на овие денови. „Ви благодарам за вашите желби за пријателство, љубов, добрина, милост“, рече тој, повикувајќи го Божјиот народ заедно да се молат. Бискупот Алварез и неговите соработници се задржани во резиденцијата повеќе од една недела. „Ви благодариме за вашите писма, за вашите мали пораки да се довериме на Пресвета Богородица секогаш да биде застапничка пред нејзиниот сакан Син Исус Христос“, додаде бискупот.

На Твитер порака објавена во петок 12 август монс. Алварез напиша: „Во Божји раце сме. Сакаме да ја вршиме Неговата волја и сѐ за Негова слава. Амин.“

Како што пренесуваат локалните агенции, на 11 август на свештеникот Анибал Манзанарес му било забрането да ја напушти парохиската црква Свети Јосиф, која се наоѓа во општината Терабона, на север од департманот Матагалпа. „Мои добри пријатели и браќа, само ве известувам дека полицијата утрово ме извести дека немам дозвола да излегувам, не можам да излезам на улица, на процесии, на активности надвор од парохиската црква, па мислам дека ме посматраат“, вели свештеникот Манзанарес во снимената порака, која ја сподели на неговите социјални мрежи во четвртокот

Црквата во Никарагва го одбележа 11 август како Ден на молитва и евхаристиско поклонение во парохиите низ целата земја, како дел од Националниот маријански конгрес, кој се одржува од 7 до 15 август.

Во контекст на политичката криза што ја доживува земјата, бискупските конференции од Латинска Америка и Карибите го кренаа својот глас за да покажат дека народот на Никарагва не е сам во овој тежок контекст и ја изрази својата солидарност и близина.

13 август 2022, 08:52