Пребарување

42cc184a-8cc1-406f-9845-cc04c7f902cbAEM.jpg

Кардинал Холерих: Траен мир и помалку оружје

Кардиналот Холерих, претседател на Советот на бискупските конференции на Европската унија (COMECE), даде изјава за Денот на Европа и повика на продолжување на процесот на помирување кој го поттикнаа татковците на Унијата.

Крај на војната во Украина, која предизвика премногу жртви и уништувања за повеќе од седумдесет дена и позитивен и реален одговор на барањето на источноевропските земја за членство во ЕУ – е барањето на кардинал Жан-Клод Холерих, претседател на Советот на бискупските Конференции на Европската Унија (COMECE), кои ги упати во име на Црквата на Стариот континент, по повод Денот на Европа. Денот потсетува на декларацијата на Шуман, која го отвори патот за трајно помирување меѓу Франција и Германија и обединување на Европа. Тоа е процес кој - според кардиналот - е далеку од завршен. Дотолку повеќе што оваа година беше одбележана со брутален конфликт кој сериозно ги поткопува темелите на мирот и единството врз кои е изградена Унијата.

Кревок мир

Во соопштението, кардиналот потсети на активностите на Црквата во Европа од почетокот на агресијата на руските сили на 24 февруари, од една страна, постојаната молитва за мир и хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина. Како никогаш досега, од потпишувањето на Договорот за основање на Европската одбранбена заедница пред седумдесет години, политичкото раководство размислува и разговара за многу поблиска соработка на полето на одбраната и безбедноста - рече кардиналот, изразувајќи искрена надеж дека преку овие разговори и следните договорите, мирот во Европа и светот да стане помалку кревок, а употребата на огнено оружје поретко.

Барањето на Украина за членство во Европската унија

Затоа, кардиналот Холерих повика на позитивен и реален одговор на барањето на украинската влада од 28 февруари за пристапување во Европската унија. На Украина, но и на Молдавија, Грузија и на сите други европски земји, особено на Западен Балкан, кои во минатото упатија такво барање и презедоа значителни реформи, имаат потреба од кредибилна перспектива за членство - напиша кардиналот.

Црквата - искрен сопатник во процесот на помирување

Претседателот на Советот на бискупски конференции на Европската унија, исто така, посочи дека Католичката црква ќе продолжи да биде верен и искрен сопатник на патот кон мирот и помирувањето на континентот. Меѓу другото, ова е она што Црквата го прави во последните децении: сите папи од Пиј XII. па натаму, како европските епископи, верските конгрегации и лаичките движења, никогаш не престанаа да го прифаќаат безрезервно процесот на обединување на Европа и нејзините темелни вредности. Изразувањето воздржаност, понекогаш, според одредени политички прашања, не може да го промени тоа – посочи кардиналот и ги охрабри сите политички лидери да се соочат со новите предизвици и можности кои не очекуваат.

Основни вредности

Инспирацијата на Роберт Шуман и другите беше да се зачува мирот и безбедноста и да се постигне одржлив раст и напредок. Сето ова се заснова на заедничките вредности како слободата и почитувањето на достоинството на секој човек и човековите права, потоа на демократијата и владеењето на правото, солидарноста и супсидијарноста. Денес, и покрај се, можеме да живееме во свет во кој верноста кон оваа инспирација и овие вредности значи повторно предвидување на промените за Европската Унија. Згора на тоа, промената понекогаш е неопходна и позитивна, токму за да се зачува добрата почетна инспирација и нејзините фундаментални вредности - рече кардиналот Холерих.

11 мај 2022, 09:09