Пребарување

Бискупот Стојанов со моштите на свети Кирил Солунски Бискупот Стојанов со моштите на свети Кирил Солунски 

Бискупот Стојанов ги однесе моштите на свети Кирил во Соборниот храм во Скопје

Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. Киро Стојанов на денот кога МПЦ-ОА се здоби со автокефален статус, ги донесе единствените мошти во Македонија на Свети Кирил Солунски во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а по барање на архиепископот Македонски и Охридски, г.г. Стефан

о. Гоце Костов

Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. Киро Стојанов, на 24 мај 2022 година, на празникот на светите браќа Кирил и Методиј, на денот кога МПЦ-ОА се здоби со автокефален статус, ги донесе единствените мошти во Македонија на Свети Кирил Солунски во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а по барање на архиепископот Македонски и Охридски, г.г. Стефан. Моштите беа изложени за време на светата Литургија, која ја служеа архиепископот Македонски и Охрдиски г.г. Стефан и Српискиот патријарх г.г. Порфириј. По светата Литургија присутните верници имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Кирил Солунски и да ги чествуваат.

Бискупот Стојанов во Собрниот храм во Скопје
Бискупот Стојанов во Собрниот храм во Скопје

На светата Литургија присуствуваше и бискупот Стојанов во придружба на о. Марјан Ристов и дон Томаш Бак.

Моштите на свети Кирил Солунски кои се единствени во Македонија и ги поседува Католичката црква имаат уверение за веродостојност издадено од надлежните црковни власти во епархијата, каде се наоѓа гробот на свети Кирил.

25 мај 2022, 10:26