Пребарување

Бискупот Стојанов во Рим на семинар за Каритас Бискупот Стојанов во Рим на семинар за Каритас 

Бискупот Стојанов во Рим учествува на семинар за Каритас

Во фокусот на семинарот за Каритас, на кој учествува бискупот Стојанов е организациски развој на националните Каритас организациите од Европа

Скопскиот бисскуп и Струмичко - скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Претседател на Македонски Каритас, во придружба на координаторот Спасе Спасов, на 24 и 25 март 2022 година учествува на семинар за Организациски развој на националните Каритас организациите од Европа, наменета за лидерството и практичарите, која се одржува во Рим.

На дводневната средба акцентот e ставен на структуралните дискусии, како и размена и споделување на искуства, поврзани со организацискиот развој.

Македонски Каритас посветува особено значење и програмски активности, наменети за развојот на самата организација како би можела соодветно да одговори на своео послание – да помогне на луѓето во потреба.

25 март 2022, 09:23