Пребарување

Средба на верските лидери со премиерот Ковачевски (Фото: Влада на РСМ) Средба на верските лидери со премиерот Ковачевски (Фото: Влада на РСМ) 

Средба на верските лидери со премиерот Ковачевски

На средбата со премиерот Ковачевски верските лидери разговараа за повеќе актуелни прашања, важни за претставниците на верските заедници

На 1 февруари 2022 година во просториите на Владата, Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава: на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, , со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква.

На состанокот се разгледани повеќе актуелни прашања, коишто беа истакнати како важни од страна на претставниците на верските заедници, присутни на средбата.

07 февруари 2022, 22:24