Пребарување

Министерот за здравство Сали со верските лидери (Фото: Министерство за здравство на РСМ) Министерот за здравство Сали со верските лидери (Фото: Министерство за здравство на РСМ) 

Поглаварите на верските заедници на средба со министерот за здравство Сали

Поглаварите на верските заедници се сретнаа во Спомен куќата Мајка Тереза со министерот за здравство Сали

Министерот за здравство Баким Сали на 3 февруари 2022 година во НУ Спомен куќа „Мајка Тереза“ се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата.

На средбата покрај бискупот Киро Стојанов, присуствуваа поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан, Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви и супериндендентот на Евангелско-методистичка црква во Македонија, Марјан Димов.

07 февруари 2022, 22:26