Монсињор Џорџо Кеца во еднодневна посета на Католичката црква во Македонија
Монс. Кеца ги пренесе поздравите и благословот на Светиот Отец папата Фрањо до духовенството и верниците на Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија, искажувајќи заинтересираност за состојбата на Католичката црква во Македонија.
Бискупот Стојанов, изрази благодарност до високиот гостин за посетата за благословот и поздравите на Светиот Отец и ја истакна активноста на Црквата и работата пред сѐ околу Синодалниот ôд во кој што се вклучени сите нејзини членови.
Во попладневните часови ја посетија Спомен куќата на Света Мајка Тереза и главниот плоштад Македонија каде Светиот Отец папата Фрањо во својата историска посета на нашата земја во 2019 година служеше света Литургија. Воедно ја посетија и Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ каде беше запознат со нејзиното возобновување и активностите на Македонски Каритас од страна на катедралниот парох и директор на Каритас дон Паво Шеќерија.