Пребарување

11468.png

На празникот Свето Семејство бискупот Стојанов служеше света Литургија во Куманово

Во Куманово бискупот Стојанов служеше света Литургија и се сретна со верниците од оваа парохија

Во недела 26 декември 2021 година, на вториот ден од Божиќ кога Црквата го слави Светото Семејство и првомаченикот Свети Стефан, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света Литургија во капелата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Куманово. Со бискупот Стојанов сослужуваа парохот о. Томаш Бак, о. д-р Зоран И. Стојанов и о. Марјан Ристов, а присуствуваа верници од Куманово и членови на Неокатехуменскиот пат.

На почетокот од својата проповед бискупот Стојанов најпрво се заблагодари на парохот Бак за поканата и можноста во заедништво со верниците од оваа парохија да служи света Литургија. Истакнувајќи ја важноста на семејството, бискупот Стојанов како пример го даде Светото Семејство, потенцирајќи ја улогата и грижата на Марија и Јосиф за Исус, но и послушноста на Исус кон Марија и Јосиф. Овој модел на Светото Семејство треба да послужи за градење на односите во нашите семејства: родители - деца, деца - родители и односот на семејството со Бог – истакна бискупот Стојанов во својата проповед.

По завршувањето на Литургијата следуваше заедништво и дружење.

29 декември 2021, 22:19