Пребарување

DSC_0042.JPG

Честитка на бискупот Киро Стојанов до новоименуваниот дубровнички бискуп Роко Гласновиќ

По повод именувањето на дон Роко Гласновиќ за бискуп во Дубровник, монс. Киро Стојанов упати честитка, која во оваа прилика ја пренесуваме во целост:

Драги монсињор Роко, новименуван дубровнички бискуп

По повод веста, во која е објавено Вашето именување за дубровнички бискуп, се радувам од срце заедно со свештениците, монашките заедници, црковните движења и верниот народ на Католичката црква во Македонија, воедно посакувајќи Ви Божји благослов за бискупската службата, која Ви ја довери папата Фрањо.

Исто така преку Вас честитам и на верниците од Дубровничката бискупија, посакувајќи во Духот на синодалното заедништво да чекорите во новите предизвици, придружувани од мудроста и силата на Светиот Дух што ќе донесе плодни дела на љубовта Божја.

Радоста е уште поголема поради вашата поврзаност со Јањево, парохија која беше некогаш дел од тогашната Скопско - призренска бискупија, и со силата на тоа заедништво ве доверувам под застапништво на Пресвета Богородица – Мајка на Црквата, свети Никола – заштитник на Јањево, свети Влах – заштитник на Дубровник и света Мајка Тереза – заштитничка на Скопска бискупија, братски Ве поздравувам!

+ Киро Стојанов

Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

02 декември 2021, 11:02