Пребарување

11414.jpg

Се одржа божиќниот базар на Каритас

Во Скопје се одржа традиционалниот божиќен базар во организација на Македонски Каритас

Во недела 12 декември 2021 година, во дворот на катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во организација на Македонски Каритас и скопската парохија Пресвето Срце Исусово се одржа традиционалниот Божиќен саем.

На саемот можеа да се вкусат разни, специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за престојните божиќни и новогодишни празници.

Целиот приход е наменет за сиромашни луѓе, кои живеат на работ од општеството, на кои им помага Каритас.

Божиќниот саем има хуманитарен карактер, на него учествуваа претставници на амбасади, граѓански здруженија, компании и верници. 

14 декември 2021, 14:27