11.jpg

Верниците од Моин заедно со сестрите Евхаристинки молат за успех на Синодата

Сестрите Евхаристинки од Гевгелија при парохијата Свети Петар и Павле ја предводат молитвената група, која моли синодалниот процес да биде успешен во Струмичко-скопската епархија „Успение на Пресвета Богородица“.

Водени од мотото на Синодата „За една Синодална црква: заедништво, учество и послание“, сестрите Евахирстинки во парохиската црква Свети Петар и Павле, всушност Манастирската црква во склопот на манастирот „Пресвето Срце Исусово“, организираат молитвени средби со своите верници.

Во таа пригода во молитвата на сестрите Евхаристинки се вклучија и верниците од с. Моин, кои на овој начин го даваат својот скромен придонес за успешна Синода.

Синодата се одвива во неколку фази а завршната ќе се одржи во октомври 2023 година во Рим на која ќе претседава Светиот Отец, папата Фрањо.

 

10 ноември 2021, 10:37