Скопскиот бискуп Стојанов изрази сочувство за жртвите и повредените во пожарот во Тетово Скопскиот бискуп Стојанов изрази сочувство за жртвите и повредените во пожарот во Тетово  

Бискупот Стојанов упати сочувство за жртвите од пожарот во Тетово

Скопскиот бискуп Киро Стојанов изрази сочувство и повика на молитва за жртвите и повредените во пожарот во Тетово

По повод трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово, кој се случи во вечерните часови на 8 септември, Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. Киро Стојанов изразува голема тага заради загубата на човечките животи, кои настрадаа во пожарот, а на нивните семејства, роднини и пријатели им изразува сочувство, ветувајќи им ги своите молитви. На повредните им посакува поскоро закрпенување и сите ги препорачува на Божјото милосрдие и заштита на Пресвета Богородица.

По овој трагичен настан бискупот Стојанов ги повика верниците да се молат за починатите, повредените и сите оние кои се погодени од овој трагичен настан.

Воедно бискупот Стојанов се заблагодари на екипите за спасување, кои пожртвувано се вложија во спасувањето на животи и гаснењето на пожарот – стои во соопштението на бискупот Стојанов.

09 септември 2021, 15:56