Претседателот на Епископската конференција на Аргентина епископот монс. Оскар Ојеа. Претседателот на Епископската конференција на Аргентина епископот монс. Оскар Ојеа. 

Аргентина „сонува за ново човештво“

Во организација на Комисијата за општествена пасторална грижа Епископската конференција на Аргентина, на 12 јули започна во Аргентина т.н. Социјална седмица. „Сонуваме за ново човештво“ е централната тема на овогодинешните настани во склоп на кои ќе се обработуваат теми како распределба на храна, Интернет врските како човеково право, обнова на економисијата и братството.

Вдахнати од делот од енцикликата на Папата „Fratelli tutti“ организаторите истакнаа дека се надеваат дека ќе направат чекор кон новиот начин на живеење и дека еднаш засекогаш ќе сфатиме дека сме потребни едни на други.

Социјалната седмица ја отвори претседателот на Епископската конференција на Аргентина епископот монс. Оскар Ојеа.

Неизбежно прашање е и пандемијата од болеста Ковид-19, заради што во Аргентина до сега се забележани повеќе од 98.000 смртни случаи. Таа има последници и на економијата и на општеството посебно за најранливите групи. Фокусирајќи се на братството, Социјалната седмица ќe настојува да промовира средба, дијалог и размислување за тоа не само да сонуваме, туку i да изградиме „ново човештво“.

15 јули 2021, 10:35