10615-2.jpg

Бискупот Стојанов служеше света Литургија за покојниот монс. Јоаким Хербут

По повод годишнината од упкојувањето на бискупот Хербут во Скопската катедрала Скопскиот бискуп и Струмичко - скопски епарх монс. Стојанов служше Света Миса

На 15 април 2021 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света Литургија за покојниот монс. Јоаким Хербут, на годишнината од неговото упокојување. На светата Литургија со бискупот сослужуваа скопскиот парох дон Паво Шекерија и бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов.

Во својата проповед бискупот Стојанов осврнувајќи се на Евангелието според Иван истакна: Во Евангелието свети Иван ни посочува дека го сака говорот на вистината што е одраз на Бога. Исус зборува за себе дека е Вистина. Затоа секој што го прима неговото сведоштво, го прима и прифаќа Исус-Вистината. Вистината не можеме да ја прикриемне, не можеме да ја заобиколиме, ниту уништиме затоа што е од Бога. Кој е со неа, тој е со Бога, Бог е вистина.

Исус живее во љубовта со Отецот. Љубовта беше нивниот говор и нивна комуникација, Кога свети Иван зборува за Бога, тој го дефинира на најкраток и наједноставен начин: Бог е љубов. Во таа љубов веруваше и живееше Неговото Преосвештенство, нашиот Ординариј, монс. д-р Јоаким Хербут. Верата и вечниот живот одат заедно. Да се верува едноставно значи да се живее. Веруваше во Вистината, ги слушаше и исполнуваше Неговите зборови, беше поинаков од сите нас, беше човек на молитва, живееше, го проповедуваше Божјото слово искажувајќи ја на дело својата вера и верност во Господа Бога, предавајќи го својот дух во Него. Молејќи го Господа Бога да му удели радост во небесното Царство, а преку нашите молитви нека се застапува за нас и за оваа месна Црква на која за својот земски живот и служеше цели 35 години како нејзин Архипастир – истакна бискупот Стојанов во проповедта за време на светата Литургија за покојниот бискуп Хербут.

19 април 2021, 10:31