Пребарување

Vatican News
2021.03.25 Diocesi di Skopje

Месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Во Богданци се одржа месечна духовна обнова за свештеници, која ја предводеше монс. Киро Стојанов

На 23 март 2021 година во просториите на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов. За време на средбата се почитуваа мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Во духовното размислување епископот Стојанов зборуваше на тема: „Праведноста го прави човекот праведен пред Бога“, земајќи го за подлога евангелскиот текст од Евангелието според Матеј 61-21. Тој се осврна на неколку важни точки од тој евангелски текст, како што се праведноста, милостината, молитвата, простувањето и постот, а исто така направи осврт и на молитвата „Оче наш“.

За време на средбата имаше можност за света Исповед, а заврши со света Литургија и заедништво.

25 март 2021, 09:37