Меморијалниот центар во Хирошима Меморијалниот центар во Хирошима 

Апел на бискупите во Англија, Велс и Шкотска до британската влада

Бискупите на Англија, Велс и Шкотска ја повикаа британската влада да се откаже од нуклеарниот арсенал и да го поддржи Договорот за забрана на нуклеарно оружје, кој стапува на сила на 22 јануари 2021 година.

Епископите од Англија, Велс и Шкотска ја повикаа британската влада да се откаже од својот нуклеарен арсенал и да го поддржи Договорот за забрана на нуклеарно оружје, кој стапува на сила на 22 јануари. Во заедничката изјава објавена на веб-страницата, бискипите го нарекуваат договорот историска пресвртница на патот кон нуклеарно разоружување и можност да се фокусираат на вистинското градење мир, вкоренето во дијалог, правда, почитување на човековото достоинство и грижа за нашата планета.

Осврнувајќи се на говорот на папата Фрањо во Обединетите нации, бискупите истакнаат дека отстранувањето на нуклеарното оружје е морален и хуманитарен императив. На крајот, тие се обраќаат на Господа, барајќи од Него да „внесе братски дух во нашите срца“ и да нè оспособи да создадеме поздраво општество и подостоинствен свет без глад, сиромаштија, насилство и војна.

15 јануари 2021, 10:09