Пребарување

Бискупот Стојанов со Андреа Силвестри, новиот амбасадор на Италија во Македонија Бискупот Стојанов со Андреа Силвестри, новиот амбасадор на Италија во Македонија 

Бискупот Стојанов го прими новиот амбасадор на Италија во Македонија

Бискупот Стојанов го прими во куртоазна посета новиот италијански амбасадор во Македонија

На 9 декември 2020 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх го прими во куртоазна посета новиот амбасадор на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.

Бискупот Стојанов го запозна новиот амбасадор за животот на Црквата во Македонија, а сподели и импресии од посетата на папата Фрањо на Македонија.

Соговорниците ја истакнаа претходната добра соработка со желба таа да продолжи и понатаму да се продлабочува за доброто на сите.

10 декември 2020, 09:52