Лого на Советот на бискупските конференциите на Европската унија Лого на Советот на бискупските конференциите на Европската унија 

Бискупите од Европската Унија: Човечкото достоинство да биде во центар

Во соопштението издадено на 16 декември во Брисел, Советот на бискупските конференциите на Европската унија (COMECE) побара неколку нивоа на механизми за солидарност и интегрирана заштита на надворешните граници.

Во соопштението понатаму се повикуваат членките на ЕУ да го стават човечкото достоинство во основата на преговорите за нова миграциска политика. Освен тоа бискупите од Европската Унија не се уверени дека заклучоците од новиот пакт за мигрантите и азил донесени на 23 септември ќе ја подобрат состојбата со бегалците. Неопходни се механизми за солидарност на повеќе нивоа, надворешни односи засновани на меѓусебно чесно партнерство и заедничка заштита на надворешните граници.

Целта е заштита и унапредување на правата, вкоренети во човечкото достоинство, на секоја личност и семејство кои доаѓаат во Европската Унија. Посебно во контекст на корона криза, која ја продлабочува сиромаштијата, социјалното исклучување и стигматизирањето на мигрантите, барателите на азил и жртвите на трговијата со луѓе, мигрантската политика мора да создаде одржлив и хуман систем на солидарност и заедничка одговорност - порачуваат бискупите од Европската Унија.

18 декември 2020, 21:45