Пребарување

Vatican News
Бискупот Стојанов Бискупот Стојанов 

Бискупот Стојанов упати честитка до монс. Узуниќ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов по повод именувањето на монс. Мате Узуниќ за надбискуп коадјутор на Риечката надбискупија упати честитка на 4 ноември 2020 година, која ја пренесуваме во целост.

Драги брате во бискупската служба, монс. Узуниќ,

На овој начин и во свое име, како и во име на Црквата во Македонија која е доверена на моето служење, ја упатувам својата честитка за довербата на Светиот Отец за Вашето именување за надбискуп коадјутор на Риечката надбискупија.

Затоа што како Црква во Македонија можевме да ја доживееме вашата близина и конкретна поддршка, цврсто се надевам дека Вашата пастирска ревност и близина на срцето, која до сега ја живеевте преку служење на сите нивоа ќе бидете благослов за новата надбискупија, каде што сега ве праќа Божјата провидност.

Молејќи го застапништвото на света Мајка Тереза за Вашата нова служба, ве поздравувам братски.

✠ Киро Стојанов,

Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

05 ноември 2020, 10:58