Пребарување

Vatican News
Индиска традицијаПодготовка на традиционална индиска храна Индиска традицијаПодготовка на традиционална индиска храна  (ANSA)

Индија: Мала католичка заедница, сведок на љубовта и милосрдието

И покрај тоа што се малцинство една од најмалите католички заедници на светот во индиската сојузна држава Карнатаки, ја сведочи љубовта, милосрдието и солидарноста. Дон Арул Дас вели: „Се грижиме за сите без разлики затоа што Црквата ги сака сите луѓе.“

Во Карнатаки држава во југозападна Индија постои село во кое живее една од најмалите католички заедници во светот; ја сочинуваат само девет семејства. За нив се грижи дон Арул Дас индиски мисионер од Конгрегацијата Мало дело на Божјата Провидност познато како Дело на Дон Орионе. Свештеникот е горд на тој бескрајно мал дел на Црквата кој и тој самиот заедно со своите собраќа го придружува, поддржува и штити. Тоа се гледа од неговиот радосен глас додека зборува за тоа како немаат каде да служат света Литургија и при тоа им помага манастирот на Дружбата на сестрите на света Ана.

Сепак има живост. Може да се каже дека бројот на апостолските дела е толку голем колку што нивната заедница е мала. Има иницијативи чија цел е сузбивање на сиромаштвото, за поддршка на младите и за помош на луѓето со посебни потреби. Се грижиме и за земјоделците, на начин на кој ги учиме да одгледуваат користејќи ги новите технологии. Исто така не ги забораваме жените, бидејќи овде најголем проблем е стапувањето во брак на девојчињата. Настојуваме да се бориме против таа драматична ситуација нудејќи можност за општествено и културно собирање – вели мисионерот. (...)

Здравствената криза која тешко ја погоди и Индија не ја спречи Црквата да биде блиску до населението во Карнатаки во потреба. Дон Арул Дас и неговите собраќа носат храна на оние кои повеќе немаат начин за да се прехранат. Кога сè беше затворено, поделивме повеќе од две илјади оброци и им помогнавме на голем број семејства кои паднаа во депресија. Уште повеќе се придруживме и на јавните работници за поддршка на народот кој стрда, а кој го сметаме за свој брат – истакнува мисионерот.

08 октомври 2020, 09:43