Пребарување

Претседателот Стево Пендаровски упати сочувство по повод смртта на монс. Циримотиќ Претседателот Стево Пендаровски упати сочувство по повод смртта на монс. Циримотиќ 

Претседателот Пендаровски упати писмо со сочувство по повод смртта на монс. Циримотиќ

По повод смртта на монс. Антун Циримотиќ, писмо со сочувство до Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов упати претседателот на Македонија г-дин Стево Пендаровски.

На почетокот од писмото претседателот Пендаровски пишува дека со тага ја прими веста за упокојувањето на монсињор Циримотиќ.

„Со неговото упокојување, Католичката Црква во Република Северна Македонија изгуби голем духовник и хуманист. Во овие моменти на тага примите ги изразите на моето искрено и длабоко сочувство. Бог нека му даде вечно почивалиште меѓу праведните“ - стои во писмото со сочувство упатено од претседателот Пендаровски до бискупот Стојанов.

30 октомври 2020, 16:47