Пребарување

Две родени сестри и истовремено сестри Евхаристинки починаа во ист ден Две родени сестри и истовремено сестри Евхаристинки починаа во ист ден 

Починаа с. Леонија и с. Татјана, сестри Евхаристинки

Две родени сестри и истовремено сестри Евхаристинки починаа во ист ден

На 21 октомври 2020 година по кратко боледување во ист ден починаа двете родени сестри и сестри Евхаристинки, с. Леонија и с. Татјана.

Сестра Леонија е погребана во среда 21 октомври 2020 година во 16.00 часот на Католичките гробишта во Струмица.

Погребот на сестра Татјана е во четврток 22 октомври 2020 година на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје со почетокот во 13.30 часот.

Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, додека с. Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје.

Вечен покој дарувај и Господи и вечна светлина нека и свети. Нека почиваат во мир. Амин.

22 октомври 2020, 09:55