Vatican News
Kардинал Пуљиќ Kардинал Пуљиќ  

Кардинал Пуљиќ: Ако го отстраниме Бога, човекот е во опасност

Додека ни го „перат мозокот“ со заразените и умрените од коронавирусот, никој не ги спомнува убиените неродени деца - истакна кардинал Пуљиќ во проповедта која ја одржа во Марија Бистрица

Верниците од Врхбосанската надбискупија и бискупијата Бања Лука во сабота 10 октомври 2020 година беа по петнаесетти пат на поклонение во хрватското светилиште Марија Бистрица. Со верниците света Литургија во црквата на отворено служеше врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ и бискупот од Бања Лука Фрањо Комарица.

Во проповедта кардинал Пуљиќ ја истакна потребата од одговорност не само за здравјето, туку на сите подрачја. Додека ни го „перат мозокот“ со заразените и умрените од коронавирусот, никој не ги спомнува убиените неродени деца, напомена кардиналот, истакнувајќи дека е потребно човештвото да ја сфати својата одговорност. Во општеството донесуваме закони, со кои всушност ги менуваме Божјите закони, посебно кога се работи за бракот и семејството. Ги истакнуваме демократските права, а каде е тука демократијата, која го руши законот за семејството, тоа е демон - кратија. Затоа мораме да вградиме одговорност на сите нивоа. Животот  треба да се почитува од самото зачнување па до природната смрт. Животот треба да се почитува, да се стави за одговорност на него – рече кардинал Пуљиќ.

Зборувајќи за болестите, кардиналот додаде дека во општеството се зборува за криминал и корупција, но не се спомнува неморалот, кој стана нешто нормално. Спомна и за лагата како болест со посебно значење. „Кога некој треба да се оцрни на нив не им е срам, ниту грев, да лажат и да оцрнуваат во медиумите. Уште не сум сретнал ниту еден медиум кој јавно има кажано: ‘Простете, се излажавме, погрешно кажавме...’ Какво општество сакаме да градиме? Болно. Јавното мислење е болно, затоа што му се уништени вредностите. Потребно е да се вратат вистинските вредности каде што човекот ќе биде во центарот – неговите права, неговото достоинство. Тоа не го дава државата и политиката, тоа е дадено од Бога. Само државата и политиката се должни да помогнат човекот да го живее своето достоинство, своите права и да изградува меѓучовечки односи. Затоа е потребно да се воспитува совеста, да се води сметка за Божјите заповеди. Затоа е потребно да се сфати: Ако го отстраниме Бог, човекот е во опасност.“

Завршувајќи ја проповедта кардинал Пуљиќ ги повика верниците да имаат доверба во Божјата љубов и да ја молат Пресвета Богородица за да можат да ги носат своите болки и да ги лекуваат во Исусовите рани.

12 октомври 2020, 20:52