Пребарување

Бискупот Стојанов со кардинал Пуљиќ Бискупот Стојанов со кардинал Пуљиќ 

Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Пуљиќ

Врхбосанскиот надбискуп кардинал Винко Пуљиќ во недела 18 октомври 2020 година го прими Скопскиот бискуп и Струмичко – скопскиот епарх монс. Киро Стојанов.

На самиот почеток од средбата бискупот Стојанов во свое име и во име на сите богопсоветени, како и од целиот Божји народ во Македонија, му ги честита на кардинал Пуљиќ прославените јубилеи и му посака сила од Божјиот Дух за животот и работата, благодарејќи му на кардиналот за поддршката која секогаш ја дава на Црквата во Македонија.

Бискупот Стојанов го запозна кардинал Пуљиќ за животот и настаните кои ги живее Црквата во Македонија во рамки на пандемијата, како и со моменталната ситуација низ која поминува македонското општество.

19 октомври 2020, 18:11