Епископот Стојанов се сретна со директорот на Радио Марија
Епископот Стојанов ја истакна важноста на медимуите во денешното општество при што го цитираше папата Фрањо „дека информацијата кога е квалитетна овозможува подобро да се разберат проблемите и предизвиците со кои светот мора да се соочи, а поттикнува на одредени однесувања. Освен, тоа, христијанските медиуми треба да даваат квалитетна информација за животот на Црквата во светот.“
На средбата е разговаранo за тековните активности на радиото, како и за работата и реализaцијата на програмата во услови на пандемијата. Директорот на радиото го информираше епископот Стојанов за плановите и предвидените активности.
На крајот од средбата епископот Стојанов упати благослов до вработените, волонтерите, слушателите и донаторите на Радио Марија.
Радио Марија е пвро верско радио во Македонија кое емитува програма територијата на општина Струмица на брановите 106,50 MHz, а може да се слуша и преку интернет на www.radiomarija.mk, како и на андроид апликацијата на Радио Марија Македонија.