Монс. Стојанов ја прими новоименуваната амбасадорка во Светиот Престол, г-ѓа Марија Ефремова Монс. Стојанов ја прими новоименуваната амбасадорка во Светиот Престол, г-ѓа Марија Ефремова  

Монс. Стојанов ја прими новата амбасадорка на Македoнија во Светиот Престол

На 30 септември 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во епископската резиденција на Водно ја прими амабасадорката на Македонија при Светиот Престол, г-ѓа Марија Ефремова.

На средбата епископот Стојанов ја запозна со животот на Католичката црква во Македонија, а се осврна и на посетата на папата Фрањо на Македонија во мај 2019 година.

На средбата соговорниците ја истакнаа добрата билатерална соработка помеѓу Македонија и Светиот Престол со желба соработката да продолжи понатаму да се унапредува во заеднички интерес.

На крајот од средбата бискупот Стојанов на новоименуваната амбасадорка во Светиот Престол Марија Ефремова ѝ подари монографија „Во пресрет на Црквата“ која е објавена по повод посетата на Државиот секретар на Светиот Престол кардинал Паролин на Македонија, при што ѝ посака успешна дипломатска мисија во Светиот Престол.

30 септември 2020, 14:12