Пребарување

Vatican News
Христијани во Индија Христијани во Индија  (AFP or licensors)

Пораст на насилството врз христијаните во Индија

Христијанската иницијатива Persecution Relief известува дека прогонството на христијаните во Индија е во пораст за 40% во првата половина на 2020 година.

Иницијативата Persecution Relief го објави полугодишниот извештај со поединост за прогонството на христијаните во Индија. Податоците покажуваат „многу лоша слика“ за верската слобода во земјите

„Злосторствата од омраза кон христијаните порасна на 40,87% стои во извештајот. Порастот е забележан и покрај тримесечните карантински и рестриктивни мерки во целата земја. Иницијативата забележува 293 инциденти против христијаните во првите 6 месеци, од кои 6 убиства, де жени се силувани заради верата. Други две жени и 10 годишно девојче се силувани заради тоа што одбиле да се откажат од христијанството.

Утар Прадеш „останува најнепријателска кон христијаните меѓу индиските сојузни држави“ се истакнува во извештајот. Во таа сојузна држава се забележани 63 злосторства од омраза кон христијаните. Во државата Тамил Наду се забележани 28 случаи, меѓу кои и пожар на црква во јуни, која изгоре до темел.

Шибу Томас, основач на Persecution Relief за УКА њуз рече дека случаите со прогонства на христијаните стануваат сѐ позачестени. Тој истакнува дека собраните податоци се само „врв од ледениот брег“. Многу луѓе не пријавуваат затоа што се плашат од одмазда од страна на злосторниците и административниот апарат“.

Сепак во извештајот пишува дека „има надеж затоа што Бог гледа на овој благословен народ, а христијанското малцинство во Индија на колена моли за актуелната состојба.

31 јули 2020, 17:05