Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо со видео порака се обрати до аргентинските свештеници Папата Фрањо со видео порака се обрати до аргентинските свештеници  (ANSA)

Папата Фрањо упати видео порака до аргентинските свештеници

Свештениците кои покрај пандемијата со коронавирусот служат во сиромашните населби во Аргентина се на располагање на болните и ранливите групи

Во четврток 9 јули 2020 година папата Фрањо упати видео порака до свештениците кои и покрај пандемијата со коронавирусот во сиромашните населби во Аргентина им служат на болните и ранливите групи, јави Catholic News Agency

„Сакам да ви бидам близок во овој момент, затоа што знам дека со борите со молитва и со помош на медицинскиот персонал“ – рече Светиот Отец во пораката објавена на Твитер.

Во пораката Папата вели дека знае за тројцата свештеници кои служејќи им на ранливите и болните се заразиле. Посебно го спомена о. Василиј „Бахи“ Бритез, кој е хоспитализиран на 21 јуни.

„Сакам да ви кажам дека сум ви близок, дека се молам за вас, дека ве придружувам во ова време и целиот Божји народ заедно со неговите болни свештеници“ – истакнува папата Фрањо.

„Време е да се заблагодариме на Бог за сведоштвото на овие свештеници, да се молиме за нивното здравје и да одиме напред. Нека Бог ве благослови не заборавајте да се молите за мене“ – истакнува папата Фрањо во видео пораката.

11 јули 2020, 08:53