Пребарување

Vatican News
Видео порака на бискупот Стојанов по повод Светскиот ден на медицински сестри и техничари Видео порака на бискупот Стојанов по повод Светскиот ден на медицински сестри и техничари 

(Видео) Честитка на епископот Стојанов по повод Светскиот ден на акушерките и медицинските сестри и техничари

По повод Светскиот ден на акушерките и медицинските сестри и епископот Стојанов упати честитка за нивната посветена работа која ја пренесуваме во целост

Драги сестри, оваа година одбележувањето и прославата на неделата и денот на медицинските сестри, акушерки, техничарки сите нас нè затекна во посебна ситуација предизвикана од заразниот вирус Ковид-19. Токму во оваа ноќ на пандемијата што се надвиснала над целото човештво, особено сме сведоци на вашата посветена работа и вашето служењето во првите редови на боиштето. На овој начин, вашата мисија и работа стануваат уште посилно светло кое всадува надеж и сигурност во многу срца.

Папата Фрањо во оваа ситуација посебно го забележува вашето служење и со своите зборови и молитви посебно татковски е близок со вас. Тој со право рече дека медицинските сестри и лекарите се новите „следни светци“. Убаво прави Светиот Отец Папа што на целото човештво му укажува дека и натаму постои служење без интерес. Оттука, овој свет би бил уште посиромашен без вашата љубов на дело во грижата за човечкото достоинство и здравје.

Медицината по дефиниција е „услуга на човечкиот живот“, затоа е неопходно разбирање на човекот во неговиот духовен и материјален интегритет, во неговата индивидуална и социјална димензија. Медицината е во служба на човекот, на целиот човек, на секој човек. И вие медицински сестри и лекари убедени сте во оваа вистина во пресрет на многу долгата традиција што произлегува од Хипократските интуиции. Токму од таквото уверение произлегува вашата оправдана загриженост за опасностите на кои е изложена денешната медицина. Нека завземањето за човекот во неговата целост биде наш пат и инспирација како нашето служење и општество биде сочувано од секакви вируси и култура на смрт.

Честитајќи ви го овој голем ден на сите вас драги сестри, братски ве поздравувам и ви упатувам Божји благослов!

Видео порака на епископот Стојанов по повод Светскиот ден на акушерките и медицинските сестри и техничари
12 мај 2020, 13:29